септември 24

,,ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД’’

 

Последниот викенд во месец септември е резервиран за јубилејната шеснаесета по ред манифестација ,, Денови на македонскиот мед'' организирана од страна на пчеларското здружение ,, Матица''. Почнувајќи од 24 до 27 септември на ,, улица Македонија'' голем број на одгледаувачи на пчели и производители на пчелни производи ќе ги претстават своите производи. Понудата и оваа година е богата. Посетителите ќе можат да купат разни видови на мед и други пчелни проиводи.

Оваа година цената на ливадскиот мед изнесува 450 ден./кгр, шумскиот 500 ден./кг, медот во саќе се продава  по цена од 450-550 ден./кгр. Повисока е цената на органскиот мед кој се нуди од 500 до 600 денари. Цената за килограм полен изнесува од 1200 до 1300 денари за килограм. Восокот се продава од 450 до 600 ден/кгр а прополисот за 2.800 до 3.000 ден/кгр

 

Земјоделски Пазарен Информативен Систем | Сите права се задржани | Copyright © 2018 UNET